Содржината се вчитува...
четврток, 11.03.2010
Радио станици
Метео

од 0°C до 1°C
Денес

од 1°C до 5°C
Утре

- 61.20   - 37.61   - 68.40   - 42.86  

Играчница
Актуелни Новости
Неатрактивна но тешка група за фудбалерите на ЕП во фудбал 2012
 недела, 07.02.2010 ·
Во Варшава денеска беа одредени групите за квалификациите за Европското првенство во фудбал што 2012 година ќе се одржи во Полска и во Украина.

Македонија се наоѓа во групата Б со репрезентациите на Русија, Словачка, Република Ирска, Ерменија и Андора.

Нашата селекција е во тешка група бидејќи покрај Словачка која ќе игра на СП во Јужна Африка, Русија и Република Ирска беа елиминирани во бараж дуелите.

Македонската репрезентација со сите овие противници има играно во квалификации за ЕП или за СП
Почетокот на квалификациите ќе биде во септември 2010 година, а во следните месеци федерациите ќе се договорат и за распоредот на натпреварите.

„Пред ова нели сите шпекулиравме и размислувавме што ќе биде најдобро, но едно се желбите, а друго е реалноста. Ние во овој момент ја имаме оваа група, што по мое мислење е група за игра, група за фудбал, група која што без разлика на квалитетот на сите репрезентации, можеме да ги почнеме нашите планови, да одиграме значајни натпревари со она што мислам дека како селекција го поседуваме“, изјави селекторот на нашата фудбалска репрезентација, Мирсад Јонуз.





„Јасно е дека Русија е фаворит, но бидејќи и другите репрезентации се исто така квалитетни, ние ќе мора да направиме исчекор напред и мислам дека оваа група е можност да одиме чекор напред и да успееме да се замешаме во борбата бараж“, додава Јонуз.



Во другите групи ќе играат:
А група - Германија, Турција, Австрија, Белгија, Казахстан и Азербејџан.

Ц група - Србија, Италија, Северна Ирска, Словенија, Естонија и Фарски острови.

Д група - Франција, Романија, Босна и Херцеговина, Белорусија, Албанија и Луксембург.

Е група - Холандија, Шведска, Финска, Унгарија, Молдавија, Сан Марино.

Ф група - Хрватска, Грција, Израел, Летонија, Грузија и Малта.

Г група - Англија, Швајцарија, Бугарија, Велс и Црна Гора.

Х група - Португалија, Данска, Норвешка, Кипар и Исланд.

И група - Шпанија (актуелен европски првак), Чешка, Шкотска, Литванија и Лихтенштајн.

Првопласираните репрезентации од групите и најдобрата второпласирана ќе се пласираат директно на Европското првенство, додека другите осум второпласирани национални селекции ќе играат бараж дуели, а четирите победници ќе го комплетираат списокот на учесници на Европското првенство.



[назад]
Оваа вест е прочитана 20 пати.

Поврзани новости
АЛБАНЦИТЕ ПЛАТИЈА 2,5 МИЛИОНИ ЕВРА, А СЕ ПОСРАМОТИЈА
22.01.2010
НАЈДОБРИТЕ СВЕТСКИ ТРЕНЕРИ
21.01.2010
КУПОТ НА АФРИКАНСКИ НАЦИИ ОТКРИВА ИДНИ ФУДБАЛСКИ ЅВЕЗДИ
21.01.2010
Горан Пандев официјално во Интер
04.01.2010
Милан - Манчестер, Интер - Челзи во ЛШ
18.12.2009